Еве неколку
интересни факти од изминатото коло, 110 поени беше максимумот која најдобрата
екипа на колото во целата лига ја освои, а просечната бројка на колото беше 43
поени. Беа направени 5,733,024 трансфери, од кои најмногу ангажиран беше Фелипе
Андерсон од Вест Хем, а најголемата доверба за капитентската лента му беше
доверена на Хари Кејн од Тотенхем.
Индивидуално, Басел Алхасани го
креираше најдобриот тим на колото со кој освои 110 поени, тој ова коло ја
искористил опцијата да ја активира клупата за резервни фудбалери, опција која
му донесе фантастични 32 поени. Капитенот Жесус му донесе одлични 26 бода.
Андерсон, кој
игра во животна форма, освои 6 поени во колово каде реализираше една
асистенција во победата на својот тим од 0-2 кај Фулам. Хари Кејн пак, со една
асистенција во победата од 1-0 над Барнли во самиот финиш, освои 5 поени, па со
тоа што поените му се дуплираат, освои и помалку од скромни 10 поени.
За играч на
колото е прогласен Мхитарјан кој постигна два гола во поразот на Арсенал кај
Саутемптон од 3-2.
Еве го тимот на
колото: Фабиански (13),
Манкиљо (14), Коади (9), Алдервирелд
(9); Мхитарјан (14), Шаќири
(14), Деоулофеу (13), Азар (13), Снодгардс (11); Ингс (13) и Жесус (13).
Над 6000
корисници на мега популарната симулаторска игра Премиерлига Фантази има токму
од Македонија, a на глобално
ниво бројката е близу шест милиони корисници, овие бројки ја прават оваа игра
како најпопуларна во однос на оваа категорија.