Група навивачи на Португалија, жестоки поддржувачи на Кристијано Роналдо, вербално го нападнаа легендарниот Французин Франк Рибери за време на финалето на Лигата на нациите.
Рибери пред натпреварот преку социјалните мрежи му одговори на Роналдо, кој тврдеше дека „Златната топка“ треба да оди само кај фудбалер што ја освоил Лигата на шампионите. Рибери, пак, го потсети Португалецот на 2013 година, кога самиот Роналдо ја освои престижната награда иако не триумфираше во ЛШ, додека Французинот со Баерн Минхен имаше блескава сезона и ја крена европската круна!
Иако Рибери заврши на третото место во трката за „Златната топка“ во 2013, зад Роналдо и Меси, неговите коментари за „лицемерието“ на Португалецот ги разлутија фановите на ЦР7. За време на финалето, тие не пропуштија шанса да му скандираат против, славејќи го својот идол. Но, Рибери остана „ладен како шприцер“ – наместо да се налути, тој со насмевка ги снимаше навивачите со телефон и им возврати со гестикулации, покажувајќи дека не се дава. Оваа сцена само ја потврди класата на Рибери, кој и по крајот на кариерата знае како да се справи со провокации.
Les Portugais 🇵🇹 sont allés chambrer Franck Ribéry 🇫🇷 hier après ses propos sur le Ballon d’Or 2013…
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 9, 2025
remporté par CR7, buteur et vainqueur hier à 40 ans. 😅
📲 TikTok (ddb449) pic.twitter.com/EeEPz9ZcPT