164
Уличниот артист Хари Греб на ѕид од зграда во Рим, нацрта мурал од Жозе Мурињо како ја вози легендарната Веспа.
Веспата е исклучително популарна во Италија, а особено во Рим, таа е превозно средство за голем дел од населението.
Во првата своја изјава Мурињо рече дека една од клучните работи поради кои ја прифатил понудата од Рома е пасијата на фановите.
Португалецот очигледно сака да воспостави добар однос со навивачите на Римската волчица и судејќи по муралот, тоа му успева.
