Џан Пјеро Гасперини е еден од кандидатите за наследник на Клаудио Раниери на клупата на Рома, но фановите на волчицата не го сакаат.
Според италијанските медиуми, Гасперини би можел да замине од Аталанта ова лето и да се пресели во Рома.
Фановите на Рома преку социјалните мрежи изразуваат незадоволство од таквиот избор, а сега и на друг начин го изразија својот став.
Пред вчерашниот меч меѓу Рома и Милан, фановите на волчицата извадија банер на кој пишуваше: „Почитувајте ја нашата историја, не го носете тоа „го*но“ Гасперини во Тригорија“.
Тригорија е областа во Рим која е дом на Рома, каде се наоѓа тренинг центарот и клупските простории.