Фановите на Рома се гневни, мечот против Интер ќе им го суди судија од Милано

by
1 минути читање

Судијата Соца е роден во Милано, а живее во Ломбардија, навивачите на Рома сметаат дека не е фер дерби мечот против Интер да им го суди судија кој е од градот на нивниот противник.

Тие преку социјалните мрежи го искажуваат својот револт на одлуката Соца да биде именуван за судија на саботниот меч.

Но се верува дека промена нема да има, Асоцијацијата на фудбалски судии во Италија нема да го промени Соца кој важи за еден од најперспективните нови судии во Серија А.

Рома оваа сезона повеќе пати се жалеше дека е оштетена од судиите, а последниот пат беше на дербито против Наполи кога не им беше досуден пенал врз Заниоло.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×