190
Фановите на ПСЖ со голем ентузијазам го пречекаа Рамос, но според француските медиуми тие стануваат нестрпливи кога е во прашање неговото деби.
Рамос веќе извесно време тренира со групата, но неговото деби се одложува.
Информациите велат дека тој нема да биде во составот за мечот против лермонт кој се игра овој викенд, а неизвесен е и неговиот настап во Лигата на шампионите против Бриж на 15 септември.
„Ла Парисиен“ пишува дека фановите на ПСЖ го губат трпението и бараат Рамос да дебитира колку што е можно побрзо.