144
Од ова коло во одредени реони во Англија е дозволено присуство на публика во ограничен број. Во Лондон од каде што е Милвол на стадионите може да присуствуваат 2.000 гледачи.
Фановите на Милвол кои важат за едни од најпроблематичните во Англија, веднаш направија инцидент. На мечот против Дерби од Чемпионшип, дел од нив го исвиркаа анти-расистичкото движење, гестот кога пред мечот фудбалерите клечат на колено во знак на поддршка за црномурестите луѓе.
Шокантната реакција на навивачите на Милвол крена многу врева во Англија, се бара и казнување на поединците кои свиреа, а сега кога на трибините се само 2.000, лесно може да се најде индентитетот на расистите.