Фановите на Манчестер јунајтед во неверување, „Телеграф“ го објави името на главниот кандидат за тренер

by
1 минути читање

Сигурно дека поголемиот
дел од навивачите на Манчестер јунајтед во неверување ја проследија вестта која
„Телеграф“ ја објави, а се однесува на тренерската позиција во тимот на „Црвените
ѓаволи“.

Како што е
познато, Ралф Рангник ќе го предводи тимот од „Олд Трафорд“ до крајот на
актуелната сезона, барем така е првично договорено, а „Телеграф“ извести дека
селекторот на Италија, Роберто Манчини се издвојува како главен кандидат за таа
позиција идното лето.

И покрај фактот
што Манчини претходно беше на клупата на лутиот градски ривал Манчестер Сити,
се верува дека за Италијанецот постојат позитивни сигнали од „Олд Трафорд“, а
не се исклучува можноста идното лето да се случи договор помеѓу обете страни.

Како за потсетување,
Манчини во 2012 година ја освои титулата во Премиерлигата предводејќи го
составот на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×