Лидс го „прегази“ Квинс
Парк Ренџерс совладувајќи го со 1-3 на негов терен во 21 коло од англиската
Чемпионшиплига.
Нашиот 25 годишен Езгјан
Алиоски одигра феноменална партија а асистираше во водечкиот гол за гостинскиот
табор.
Сепак, една чудна и
дискутабилна ситуација имаше на овој меч за која реагираа и фановите на тимот
од „Еланд Роуд“, можеби и оправдано, а тоа е моментот од 60. Минута на средбата
кога пожолте Македонецот.
Најпрво врз Алиоски беше
направен груб прекршок, главниот арбитар на мечот ја прекина играта во корист
на Лидс, не му додели жолт картон на Австралијанецот Масимо Луонго, туку на
Алиоски кој протестираше за тоа што арбитарот беше толерантен во оваа
ситуација.
За оваа ситуација
фановите на Лидс мошне активно се вклучија на социјалните мрежи барајќи
одговори за контрадикторноста на делењето на правдата:
„Еве нешто што судијата
треба да го види. Објаснете како се досудува прекршок против Алиоски а токму
него го санкционираат со жолт картон? Критериумот на судиите во
Чемпионшиплигата е шокирачки!“ пишува во дел од коментарите на социјалните
мрежи.