Фановите на Интер го навредуваа сопственикот за време на пријателскиот меч со Парма

by
1 минути читање

Интер е шампион, но ова лето си заминаа Конте, Хакими, Лукаку, а можно е тоа да се случи и со Лаутаро. Раководството распродава се што е вредно.

Интер не покажува амбиција за одбрана на Скудетото, а тоа ги разгневи фановите.

На синоќешниот натпревар против Парма, тие излегоа со неколку пароли искажувајќи го својот гнев против сопственикот.

„Жанг ако сакаш да го спасиш Интер, тогаш треба да си одиш“, „Жанг, времето ти заврши“, „Треба да го продадеш“ и „Ние ќе ти ги дадеме парите“.

Покрај паролите, тие постојано скандираа против управата.

Интер го со голови на Брозовиќ и Весино го доби мечот со 2-0. Лукаку не беше ниту на клупата, што е уште еден знак дека заминувањето во Челси е дефинитивно, Лаутаро беше стартер на мечот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×