Фановите на Барселона можат да здивнат, Меси е подготвен за пресметката со Реал Сосиедад

by
1 минути читање

Лионел Меси предвреме
го заврши мечот кај Гранада каде Барселона славеше убедлива победа со 0-4, а
Аргентинецот погоди на два пати на таа пресметка, меѓутоа Каталонците за момент
се загрижија откако фудбалерот пријави болки во тетивата.

Капитенот на
Каталонците сепак брзо се рехабилитирал и веќе денеска го одработил во целост
предвидениот тренинг, со тоа што речиси е јасно дека не станува збор за повреда
од посериозен карактер.

Меси е подготвен
за настап во шпанскиот Суперкуп каде Барселона ќе ги одмери силите со Реал
Сосиедад во среда во вечерниот термин со почеток од 21 часот, а втората
полуфинална двојка од тоа натпреварување ја сочинува Реал Мадрид – Атлетик
Билбао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×