169
Ламин Јамал беше во центарот на скандал на „Метрополитано“, каде дел од навивачите на Атлетико Мадрид упатија навреди со расистичка содржина кон младиот фудбалер на Барселона.
Инцидентот се случи за време на дербито во Ла Лига, каде од трибините се слушаа скандирања „Многу си грд, врати се во Мароко“.
Ова беа само дел од сцените на натпреварот во кој Барселона со пресврт славеше 1-2 и направи голем чекор кон титулата, со што сега има +7 во однос на Реал Мадрид на врвот на табелата.
Наместо фудбалот, дербито ќе се памети по навредите кон Јамал и новиот удар врз имиџот на лигата.