1,1K
Милан конечно се врати во Лигата на шампионите, а фановите се задоволни од тоа како се одвиваат работите во клубот.
Задоволството го покажаа со собир пред „Каса Милано“ каде го поздравија Паоло Малдини кој им се обрати.
„Ви благодарам за поддршката во овој период. Можам тоа да го кажам како поранешен играч и директор“, вели Малдини.
„Ова е само почеток, ова е стартна точка за нас. Имаше некои тешки моменти и ќе има уште такви, но ние сме тука да се соочиме со нив на вистинскиот начин. Не сме Милан и мора да бидеме протагонисти. Ви благодарам уште еднаш“.






