Фанови избркаа играч само неколку часа откако потпиша за нивниот клуб

by
1 минути читање

Рајо Ваљекано и
Бетис вчера ја договорија позајмицата на напаѓачот Роман Зозулја, но малиот
клуб од Мадрид со ваквиот потег го навлече гневот на своите фанови кои не го
сакаат Украинецот бидејќи веруваат дека тој е неонацист.

Самиот играч
вчера испрати соопштение со кое им објасни на фановите дека лажно бил преставен
како екстремен десничар, но ниту тоа не помогна.

Утрово, ултрас
фановите жестоко протестираа при пристигнувањето на Роман Зозулја во
канцелариите на клубот.

„Тука не сакаме нацисти.
Не го носи нашиот дрес ако си расист“
– довикуваа навивачите, а присутна беше и
полицијата за да се избегне инцидент.


 Исто така, во тренинг комплексот беше поставен
и транспарент.

„Ваљекас не е
место за нацисти. Ниту пак за Преса (претседателот на клубот Раул Мартин) Одете
си веднаш!
– гласеше пораката.

Неколку часа
подоцна, Роман Зозулја беше принуден да замине од Рајо Ваљекано и да се врати
во Бетис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани