Навивачите на Наполи со наведнати глави го напуштија Енфилд откако загубија со 1-0 од Ливерпул и не продолжија во осминафиналето од Лигата на шампионите.
А еден од фановите на гостите покрај разочараноста од поразот добил и ќотек од кој завршил во болница.
Според неговите зборови во разговор за „Кориередел Мецоџорно“, 24-годишниот фан на Наполи изјави дека бил опкружен од седум навивачи на Ливерпул кои го удирале. Се здобил со тешки повреди, особено на лицето, барал помош од луѓето на улица но никој не сакал да го качи во автомобил и да го однесе во болница.
За среќа го нашле двајца пријатели и по 10 минути успеале да пронајдат превоз до болница каде што бил опериран.
„Мислев дека ќе умрам“, рече нападнатиот навивач на Наполи.
Напаѓачите се уште не се идентификувани, а полицијата ги замоли луѓето кои го виделе инцидентот да се јават во станица со цел да ги опишат насилниците.