Фан на Интер: Лукаку ги бакнува грбовите на клубовите, а реално тој ги бакнува парите (ФОТО)

by
1 минути читање

Интеристите се лути на Лукаку, тој им вети дека ќе остане во клубот, но замина во Челси за огромна понуда.

Лукаку за Челси навива од дете и природно беше да го бакне грбот на клубот по дадениот гол против Арсенал.

Но интересно е што Белгиецот го бакнувал грбот на сите клубови во кои играл претходно.

Фан на Интер го истакна тој момент, му се обрати на Лукаку и му порача дека неговото бакнување на грбовите на клубовите е повеќе формален отколку сентиментален акт.

Тој објави колаж од фотографии како Лукаку ги баккнува или покажува грбовите на сите клубови во кој игра, а на крајот го има Том како бакнува пари. Навивачот сака да каже дека на Лукаку најважни му се парите, а се друго што прави е глума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×