80
Рафиња ќе го
оствари сонот да го облече дресот на Барселона, „каталонците“ и Лидс изминатиов
викенд пронајдоа заеднички јазик за трансфер на Бразилецот.
Добро упатениот
новинар Фабрицио Романо вели дека последниот предлог на Барса бил 72 милиони
евра.
„Белите“ ќе дадат
зелено светло веднаш штом ја добијат понудата во официјална пишана форма.
Претходно,
новинарот Бен Џејкобс објави дека конечно паднал договор помеѓу Барселона и
Лидс за трансфер на Рафиња во зделка која е блиску до 75 милиони евра.
Барселона планираше за ангажман на Рафиња да потроши 50/55 милиони евра, но интересот на Арсенал, Тотнем и Челси придонесоа „каталонците“ да одвојат дваесетина милиони повеќе.