Фабрегас од Челси си замина додека Сари беше тренер на Сините, па сега Шпанецот го споделува тој момент со јавноста.
„Тој сакаше да го игра Жоржињо кој дојде до Челси за 60 милиони евра, мене не ми беше доволно да играм само во Лига Купот и Лига Европа, секогаш бев стартер и затоа си заминав од Челси“, вели Фабрегас.
„Сари е добар човек но има свои цврсти принципи на тактичко ниво. Тој е многу самоуверен и тешко е да го предомислите“.
„Пример, секогаш сакаше фудбалерите на Челси да тренираат во 15 часот. Тоа беше лошо за играчите како мене кои имаат фамилија. Цел ден не можевме да си ги видиме децата. Тие одат на училиште наутро а кога ние ќе се вратиме од тренинг тие веќе спијат“.
„Еден ден го прашавме зошто не тренираме наутро. Тој ни рече дека тренираме во 15 часот бидеји професор во Пиза докажал дека тоа е најдоброто време за телото. Јас само ознам дека за секој играч важно е да поминува време со својата фамилија“.