Фабрегас не е задоволен од својот статус во Челси, а тоа му дава дополнителна надеж на Милан дека ќе успее во мисијата да го донесе Шпанецот на Сан Сиро.
„Знам која е мојата улога. За жал не е таа која што ја сакам. Продолжувам да бидам професионалец како и вообичаено. Секогаш се обидувам да го дадам најдоброто, без разлика со кој тим играм. Играм со младинци, со првиот тим, без разлика што оваа сезона се уште не сум одиграл меч со комплетниот прв тим“, вели Фабрегас.
„Но се обидувам да правам што можам. Ситуацијата е тешка за мене очигледно. Играм во куповите и во Лига Европа. Не се предавам. Не сум некој кој се жали и не го дава најдоброто поради тоа“.
„Секогаш ќе излезам и ќе играм кога ќе сум потребен. Ќе видиме што ќе се случи“.