Фудбалскиот клуб Милан побара меѓу 15 и 18 милиони евра за Алваро Мората, пренесуваат италијанските медиуми. Поинтересот од Комо, „росонерите“ ја фиксираа цената, но трансферот би бил можен само доколку се прекине актуелната позајмица во Галатасарај, која трае до јануари 2026.
Според SportMediaset, Милан прво мора да се договори со турскиот клуб пред да преговара со други заинтересирани страни. Засега Галатасарај не делува заинтересиран да го откупи Мората, иако тој дојде на платена позајмица.
Во меѓувреме, Милан има нова цел Моисе Кин од Фиорентина. Напаѓачот има откупна клаузула од 52 милиони евра која ќе стане активна на 1 јули. За него интерес покажува и Манчестер јунајтед.
Кин блескаше минатата сезона со 19 гола во Серија А и ја заврши како втор стрелец на лигата.