Цеск Фабрегас беше бесен по поразот на Комо од Јувентус (1-2) во Серија А. Шпанскиот стратег го посочи моментот кога Федерико Гати играше со рака и судиите не досудија пенал за неговата екипа.
Тој не сакаше да молчи повеќе и јавно проговори за ситуацијата. Фабрегас кажа дека одредени ситуации поинаку се разгледуваат зависно од тоа кој игра.
„Денес нема да молчам, ова беше чист пенал. Доста е навистина. Не го обвинувам судијата, можеби не ја виде ситуацијата. Сепак, ВАР собата мораше да реагира и оттаму се раѓа сомнежот. Се сомневам како се анализираат одредени ситуации на поинакви начини за различни екипи во ВАР собата“, прокоментира Фабрегас.
Победата за Јувентус ја донесе Рандал Коло Муани кој постигна два погодоци за својот тим..