Ливерпул –
Наполи, тоа е дербито од вечерашните натпревари од шестото, последно коло од
групната фаза во Лигата на шампионите.
Во групата „Ц“,
за многумина група на смртта, Наполи е во добра позиција, но, Ливерпул сигурно
ќе нападне уште од првата минута, а дека ова ќе биде тежок натпревар, потврдува
и изјавата на фудбалерот на Премиерлигашот, Фабињо.
„Ова ќе биде
тежок натпревар“ рече Бразилецот во изјавата за официјалниот клупски сајт на
Премиерлигашот.
„Наполи веќе го
покажа квалитетот кој го поседува, во Италија не победија, но, сега, се’
е во наши раце“ додаде Фабињо.
„Голема
придобивка за нас е тоа што ќе играме на Енфилд, пред своите фанови, како и секогаш, ќе се обидеме да се
наметнеме на теренот, тоа го правиме на секој натпревар, против секоја екипа,
понесени од нашите навивачи, ќе дадеме максимум од себе за да го добиеме овој
натпревар“ заклучи фудбалерот на Ливерпул.
Во оваа група во
моментов Наполи со 9 бода е лидер на табелата, следат ПСЖ со 8, Ливерпул со 6,
односно Црвена звезда со 4 бода.