Фабињо ја чекаше,
а веќе ја дочека онаа вистинска шанса од Јирген Клоп, Бразилецот имаше трпение,
а веќе станува еден од клучните играчи на Премиерлигашот по довербата која ја
доби изминатиов период од германскиот фудбалски стратег.
Одредени медиуми
наведоа дека тој би можел да се врати во Франција, и тоа во редовите на ПСЖ, но,
фудбалерот од средниот ред на Ливерпул негира такви планови.
„Ми пренесоа дека
имало некои шпекулации низ одредени медиуми поврзано со мојата иднина, но, јас
никогаш не сум кажал дека сакам да си заминам од Ливерпул“ вели Фабињо.
„Јас бев
предупреден за тоа дека ќе би биде потребно трпение и да ја чекам својата шанса
во Ливерпул, среќен сум во овој клуб, немам ниту една причина зошто би го
напуштил“ заклучи Бразилецот кој во летото на Енфилд пристигна од Монако за
сума од близу 44 милиони фунти.