Њукасл имаше
мат-шанса додатно да внесе притисок во редовите на Манчестер јунајтед откако
имаше водство од 0-2 на гостувањето на Олд Трафорд, но, домаќините направија
чудесен пресврт и се намачија да стигнат до посакуваните три бода од таа
пресметка во Премиерлигата.
Јасно беше дека
Жозе Мурињо ќе биде во големи проблеми при евентуален неуспех на тој натпревар,
а Португалецот по последниот судиски свиреж видно вознемирен го истури сиот бес
од себе, но употребувајќи вулгарни зборови.
Се шпекулираше на
Островот дека камерите го уловиле тој момент, а „Sky Sports“ веќе го објави видеото на кое усните на
Португалецот се замаглени поради непристојните коментари кои гласат „е*ете се
ку*кини синови“.
Англиската
фудбалска асоцијација го истражуваше слуајот и денес излезе со соопштение,
истото сигурно не е баш добра најава за португалскиот стратег кој сигурно го
чека суспензија, тој ќе има право да одговори на ова, но веројатно е дека ќе
отсуствува од клупата за гостувањето кај Челси претстојниов викенд во дербито
на 9. коло од Премиерлигата.
„Утврдено е дека
неговите зборови на крајот од натпреварот, кои се регистрирани од емитувањето
на истиот, беа навредливи и несоодветни“ стои во соопштението на ФА.
class="twitter-tweet" data-lang="en">