Санкциите кои ги има Челси моментално од британската влада, му забрануваат да продава било какви карти, но ФА објави дека е во преговори со надлежните околу амандман кој ќе им овозможи на навивачите да купат влезници за мечот со Кристал Палас кој ќе се игра на Вембли.
„Се надеваме дека ќе имаме полни трибини на двете полуфиналиња од ФА Купот на Вембли“, велат од Фудбалската асоцијација.
„Тоа подразбира и влезници за навивачите на Челси за нивниот меч против Кристал Палас. Во моментов работиме со владата за пронаоѓање решение како да го постигнеме тоа со почитување на санкциите кои во моментов се на снага против сопственикот на Челси“.
Навивачите на Челси не можеа да купат билети за четвртфиналето од ФА Купот во Мидлсброу, освен тие кои купија пред воведувањето на санкциите.
Во Премиерлигата Стемфрод Бриџ е полн поради сезонските билети кои ги имаат навивачите.
Ако се најде решение за продажба на влезници за мечот од ФА Купот, би можело тоа да важи и за четвртфиналето од Лигата на шампионите каде Челси игра против Реал Мадрид.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.