ФА покрена постапка против асистентот на Сари, Мурињо има свој став околу можна казна за Јани

by
1 минути читање

Јани веројатно ќе добие казна од ФА за недоличното однесување кога Челси изедначи против Манчестер јунајтед. Тој голот го прослави пред Жозе Мурињо по што настана инцидент.

Некои дури сметаа дека Челси треба да го отпушти, но клубот засега му дал само вербален укор. Жозе Муриењо смета деја Јани не треба да добие поголема казна од тоа.

„Мислам дека не заслужува повеќе од тоа што го доби. Тој ми се извини, и јас го прифатив извинувањето. Мислам дека заслужува втора шанса. Не мислам дека треба да биде отпуштен. Мислам дека не заслужува ништо повеќе отколку фактот што клубот беше строг кон него“, вели Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани