ФА ќе спроведе истрага против Алиоски за нешто што сите сме го правеле како деца (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На мечот меѓу Барнли и Лидс, Алиоски имаше дуел со Двајт Мекнил. Нашиот фудбалер лежеше на теренот, Мекнил дојде до него, му кажа нешто по што Џани стана и му се исплази.

ФА ќе го истражува случајот, а ваквиот гест велат дека може да биде и оценет како расистички. Како мајмунска гестикулација.

Фановите на Лидс кои добро го познаваат Алиоски, се смеат на твитер. Велат дека би било срамно ако ФА го обвини нашиот фудбалер за расизам. Тој не е расист, а тоа не е расистичка гестикулација, туку нешто што сите сме го правеле како деца.

Тие посочуваат и видео примери од ист начин на плазење со рацете на уши, од многу други познати личности, и белци и црнци. Па би било претерано, дури и апсурдно доколку Алиоски биде обвинет за расизам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×