Њукасл скокна на позицијата број 3 на табелата откако вечерва со 5-0 го совлада Кристал Палас во заостанатиот натпревар од 29. коло во Премиерлигата.
По убедливата победа од 4-1 над Манчестер јунајтед, Њукасл со 5-0 го понижи Кристал Палас и стигна до нови три важни бода во битката за местата кои водат во Лигата на шампиони.
Гостите поведоа со голот на Марфи, но гостите со помош на ВАР добија шанса да се вратат во игра.
Езе сакаше мангупски да погоди од белата точка, но на крајот шутна толку лошо што Поуп без проблем му одбрани.
Само две минути подоцна, Геи си постигна автогол за 2-0, а до крајот на првиот дел, Барнс и Шар го донесоа Њукасл до 4-0.
Во продолжението од мечот во листата на стрелци се запиша и Исак за конечни 5-0.