Европски првак се нуди да ја преземе клупата на Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот стратег Роберто Манчини е едно од имињата кои се разгледуваат како потенцијално решение за клупата на Милан, јавуваат италијанските медиуми.

Поранешниот селектор на Италија и Саудиска Арабија ѝ бил понуден на „росонерите“ како можен тренер за новата сезона, откако клубот од „Сан Сиро“ продолжува да бара наследник за Стефано Пиоли.

Манчини има богато тренерско CV, предводел реномирани клубови како Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит. На неговото конто се 13 трофеи, меѓу кои и титулата од Европското првенство во 2021 година со репрезентацијата на Италија.

Со оглед на искуството и успесите што ги има зад себе, Манчини се смета за сериозно и квалитетно решение, иако засега нема конкретни преговори со Милан.

Фото: Italy

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани