40
Македонскиот интернационалец Димитар Митровски блесна со еврогол од слободен удар, но неговата Олимпија Љубљана остана без бодови на гостувањето кај Копер со пораз од 3-2.
Митровски во 71. минута со прецизен удар од околу 25 метри намали на 2-1 и го врати својот тим во игра. Македонецот минатото лето пристигна во Љубљана по настапите за Вараждин, а со овој погодок уште еднаш го потврди својот квалитет.