Евра со шокантна исповед: Како дете продавав дрога и просев пред продавница

by
1 минути читање

Патрис Евра е
еден од учесниците во шоуто „Фриз д фиар“ на БиБиСи, поранешниот фудбалер на
Манчестер јунајтед кажа три работи за неговото детство, а останатите требаа да
погодуваат што е точно.

„Правев три
работи пред да почнам да играм фудбал. Продавав дрога, просев пред продавница,
барав пари, и работев во продавница за телевизори“
– рече Французинот.

Потоа ги шокираше
сите: „Не работев во продавница за телевизори, другите две работи се точни.
Имав 13 години“.

Левиот бек исто
така откри дека пребарувал по канти и собирал сендвичи кои вработените во
МекДоналдс ги фрлале.

„Понекогаш, на
полноќ кога ги фрлаа ладните „Биг мекс“, пребарувавме по кантите да ги најдеме
сендвичите и да ги јадеме“.

Запрашан како го
напуштил овој живот, Патрис Евра рече: „Фудбалот ме спаси. Имав 17 години кога
заминав во Италија. Паметам како таму ми служеа храна и имав сопствена соба“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани