Капитенот на Арсенал, Гранит Џака направи глупав црвен картон откако фати противнички играч за врат, го остави својот тим на цедило кој потоа доживеа уште еден пораз.
Патрис Евра кој е фудбалски крититчар на Скај Спортс, кажа една анегдота за својот сонародник Тјери Анри кој е и најдобриот играч на Арсенал на сите времиња.
„Тјери Анри еден ден ме викна дома кај него да гледам Арсенал. Го уклучи телевизорот и првата слика која ја виде беше Џака како предводник на својот тим. Анри го изгаси веднаш телевизорот и ми рече: „Извини, не можам да гледам како Џака е капитен во мојот клуб“, открива Евра.
Мислењето на Анри го поддржуваат и огромен дел од фановите на Арсенал кои сметаат дека Џака не е доволно добар за да ја носи капитенската лента, во текот на минатата сезона дел од нив дури имаа и вербален дуел со него.