Евертон му ја оствари желбата на Лампард, Деле Али пристигнува на „Гудисон Парк“

by
1 минути читање

На Островот
пишуваат дека Евертон и Тотнем веќе постигнале договор околу трансферот на
фудбалерот од средниот ред Деле Али на „Гудисон Парк“, а во претстојните часеви тој ќе има и медицински прегледи.

25 годишниот
фудбалер на „Спарси“ го загуби својот статус на првотимец во периодот под
кормилото на Жозе Мурињо, а речиси ништо не се промени ниту со Антонио Конте,
па така ќе мора да си бара нова средина.

Како што наведе Фабрицио Романо, новиот тренер на „Карамелите“, Френк Лампард јасно ставил дознаење на раководството на клубот дека втора желба по Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед е токму Деле Али.

Деле Али инаку беше под активен договор со Тотнем до 2024 година, што на клубот од Лондон му даде поволна позиција во преговорите, а финансиските детали се уште не се познати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×