Евертон го одреди името на стадионот со еден од најскапите договори во фудбалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Евертон го објави името на својот нов дом – стадионот што се гради на локацијата Брамли-Мур док, официјално ќе го носи името „Хил Дикинсон Стадион“.

Клубот ја игра последната сезона на култниот „Гудисон Парк“ и се сели во нов дом налето. Сега, Евертон постигна договор за спонзорство за името со „Хил Дикинсон“, позната британска фирма за комерцијално право.

Се очекува новиот стадион да биде отворен наскоро, а ова партнерство е дел од планот на „карамелите“ за финансиска стабилизација и нова ера надвор од „Гудисон Парк“.

Иако двете страни не објавија финансиски детали околу договорот, се шпекулира дека ова ќе биде еден од најплатените вакви договори и ќе биде над 10 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани