Евертон доби извинување од првиот човек на судиите во Англија за недосудениот пенал против Манчестер Сити

by
1 минути читање

Ниту судијата Пол Тирни, ниту ВАР не сметаа дека тоа е пенал иако беше многу очигледно играњето со рака на Родри и неговата намера да ја удри така топката.

Лампард беше бесен по мечот велејќи дека не може да сфати како не беше досуде пенал, дека и неговата тригодишна ќерка знае дека тоа е чист пенал и ги обивини судиите за некомпететност.

Сега главниот на судиите во Англија, Мајк Рајли лично преку телефон му се извинил на претседателот на Евертон, Бил Кенрајт и на Френк Лампард.

Но извинувањето нема да му помогне ниту на Евертон, а ниту на Ливерпул кој со Манчестер Сити води жестока битка за титулата и доколку тимот на Пеп Гвардиола го освои трофејот за бод или два разлика, тогаш повторно ќе се прави муабет за оваа одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×