ПСЖ го уништи Интер со убедливи 5:0 во финалето, што е најголема победа во историјата на финалните мечеви од ова натпреварување. Тажна вечер за нераѕурите, кои ја завршија сезоната без ниту еден трофеј – испаднаа и од Серија А и од Купот, а сега и од Европа.
Во полуфиналето блескаа против Барселона, со вкупен резултат 7:6. Херојот тогаш беше 37-годишниот Франческо Ачерби, кој во 93. минута го постигна својот прв европски гол и го одведе Интер во продолженија.
Но финалето мина лошо за него. Уште пред почетокот, навивачите забележаа нешто необично – на снимките од соблекувалната се виде дека Ачерби носи копачки со дупка кај прстите.
Причината? Суеверие. Тоа се истите копачки со кои ѝ даде гол на Барса, па верувал дека ќе му донесат среќа и против ПСЖ. Очигледно, овојпат не му помогнаа.