Неколку извори од
Шпанија пренесоа дека Роналд Куман и Жоан Лапорта синоќа имале состанок на кој новиот
претседател на Барселона го известил тренерот дека смета на неговите услуги за
следната сезона.
Според Мундо
Депортиво, наскоро ќе има и нов состанок на кој Роналд Куман ќе му ги
презентира своите барања.
Весникот вели
дека прво што Роналд Куман ќе побара е да се постигне договор со Лео Меси за
продолжување на соработката. Холанѓанецот исто така сака Осман Дембеле да добие
нов договор.
Што се однесува
до настапот на трансферо пазарот, Ерик Гарсија од Манчестер Сити треба да
пристигне како засилување за одбраната. Роналд Куман нема ништо против ангажман
на Давид Алаба, ќе види како стојат работите и за што разговарал Жоан Лапорта
со агентот на фудбалерот од Австрија. За средниот ред, Роналд Куман повторно ќе
инсистира на ангажман на Џини Вајналдум. Што се однесува до нападот, Холанѓанецот
сака ангажман на Ерлинг Халанд или Ромелу Лукаку, но е свесен дека зделките се прилично
тешки, особено ако остане Лео Меси. Па стратегот е подготвен да се задоволи и со
Мемфис Депај.
Роналд Куман исто
така ќе побара поголема моќ при одлучувањето и да се слуша неговото мислење при
настапот на трансфер пазарот. Сака сите да бидат на иста бранова должина и да
не му се купуваат играчи на кои нема да смета во иднина. Сака да биде повеќе инволвиран
во преговорите, да им се јавува на потенцијалните засилувања и да ги убедува дека
Камп Ноу е дестинацијата која ќе треба да ја одберат.