Ето: Мурињо е голем човек, но некои се трудат да го претстават како контроверзна личност

by
1 минути читање

Самуел Ето и претходно имал пофалби за Мурињо. Бидејќи понекогаш Португалецот знаеше да го стави и подефанзивно, тој имаше изјавувано дека така би играл само за Жозе. 

Сега Ето повторно е полн со убави зборови за Мурињо, вели дека тој е еден од најдобрите луѓе кои ги запознал во фудбалот.

„Жозе прво е пријател. Тој е личност кој ви ги кажува работите во лице и кога не му се допаѓа нешто ви кажува. И двајцата ние имаме силен темперамент и се разбираме добро меѓусебно. Тој еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознал во фудбалот. Луѓето се трудат да го претстават него како контроверзен, но тоа е лага. Како во животот така и во фудбалот има лицемери, а луѓето често го преферираат тоа наместо искрените луѓе. Мурињо е голем човек“, вели Ето.

„Друга работа е што тој се грижи само за резултатот. Тоа е негово гледање на фудбалот и во тоа е број еден. Неовзможно е да го победите него со неговиот стил на игра. Тој е победник, роден лидер. Секогаш ви се обраќа со вистинските зборови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×