Ето: Гвардиола не го сакам како човек, но тој е неверојатен тренер

by
1 минути читање

Самуел Ето помина пет години во Барселона во кои три пати беше шампион на Шпанија и два пати ја освои Лигата на шампионите. Барса предводена од Пеп играше импресивен фудбал.

„Како што имам кажано и претходно и не сум единствениот кој тоа го кажал. Моето искуство со Пеп во Барса беше такво какво што беше, лично не беше таков каков што очекував дека ќе биде. Не ми се допѓаше како личност. Но како тренер Пеп ги подготвуваше натпреварите како никој друг. Неговиот начин на гледање на фудбалот, напад, контрола, посед на топка… Пеп беше најдобар во тоа“, вели Ето.

„Како играч имате чувство дека не трчате многу дури и кога трчате бидејќи уживате во играта. Кога гледате како играме „тикитака“ тоа е уживање, тоа е посебен начин на победување. Тоа е начинот на Пеп“.

Барселона го побара Чави за тренер, но тој ги одби сметајќи дека уште не е време за да биде тренер на Каталонците. Но Ето смета дека тој треба да седне на тренерската позиција додека Меси се уште игра за нив.

„Веќе му реков на Чави дека треба да се врати во Барса додека Меси се уште е таму бидејќи се е полесно со него. Чави е еден од оние природни лидери кои знаат како да ги менаџираат емоциите, тој е многу добар човек. Го разбира фудбалот и знае да се однесува лице во лице со фудбалерите. Мојот совет е да оди во Барселона и да стане тренер додека Меси се уште е таму“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×