Есиен: Јас сум најголемиот фан на Мурињо, тој ќе ги сврти работите во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Жозе Мурињо има проблем да воспостави ред во соблекувалната на Манчестер јунајтед и да му донесе добри резултати на тимот. На Португалецот многу подобро му одеше во првиот период во Челси кога во составот имаше едни други фудблаери, меѓу нив и Михаел Есеин кого го нарекуваше „мојот син“, а подоцна го зема и на позајмица во Реал Мадрид.

Сега Есиен се јави со изјава во која му дава поддршка на својот поранешен тренер.

„Тој имаше многу големо влијание на мене. Ме купи во Челси, а потоа и ме зема во Мадрид да играм за него“, вели Есиен.

„Имаше многу добар однос меѓу нас. Тој едноставно е голем тренер и знам дека има тежок период во Манчестер, но знаејќи го мислам дека ќе ги сврти работите“.

„Му давам поддршка бидејќи се уште сум негов најголем фан“.

„Треба да му дадам поддршка да ги сврти работите во оваа тешка ситуација и сигурен сум дека ќе го направи тоа“.

„Знаете кога играте за Мурињо дека ќе освојувате титули. Тој во Јунајтед е две три години и освојува трофеи. Оваа сезона изгледа тешка, но се уште има многу време“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани