Поранешниот
селектор на Англија, Свен-Горан Ериксон открива дека официјални лица од Северна
Кореја се обиделе да го убедат да ја намести нивната ждрепка за Светското
првенство во 2010 година.
Тој период
шведскиот фудбалски стратег беше на кормилото на Нотс Каунти, а селекцијата на
„Гордиот албион“ ја предводеше од 2001 до 2006 година.
„Претставниците
на Северна Кореја добро знаеа дека јас сум член на комитетот при ФИФА“ рече 74
годишниот Ериксон.
„Ме прашаа дали
би можел да им помогнам, се согласив, а јас помислив дека станува збор за помош
при фудбалски топки, или останата опрема за фудбал, односно нешто поврзано со тоа,
но идејата им била сосема друга…“ додаде Швеѓанецот.
„Потоа ми
посочија дека им е потребна помош околу ждрепката, не можев да поверувам, им
наведов дека едноставно тоа не можам да го сторам, никој не може тоа да го
стори, тоа е невозможно, а дополнително станува збор за криминал, но тие не ми
веруваа, станува збор за една исклучително чудна ситуација во која се најдов…“
подвлече Ериксон.