Ериксен со стил му се врати на фудбалот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијан Ериксен
денеска наполни 30 години, а Данецот воедно на својот роденден одигра и еден
час на пријателскиот меч на Брентфорд против Саутенд, кој се одигра на тренинг
центарот на противникот.

Денешниот меч
беше прво искуство за Данецот на терените по срцевиот удар кој го имаше за
време на Европското првенство ланското лето, при што неговиот живот со крајни
напори го спасија медицинските лица.

Како и да е,
Ериксен уште на денешниот меч се врати во стил на терените, со тоа што
асистираше во еден од трите постигнати погодоци на Џош Дасилва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×