Ериксен пак колабира на терен играјќи за репрезентацијата (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Кристијан Ериксен предизвика голема загриженост на пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украина, откако колабираше на теренот во текот на средбата.

Фудбалерите веднаш реагираа и го опколија данскиот репрезентативец, а на тревникот влезе и неговата сопруга. Набргу Ериксен и неговата сопруга беа спроведени до возилото на итната помош.

Од Данскиот фудбалски сојуз соопштија дека првите информации се охрабрувачки и дека играчот бил свесен по инцидентот.

Сцените веднаш потсетија на драматичните моменти од Европското првенство во 2021 година, кога Ериксен доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×