Ериксен не може без фудбалот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италијанските
фудбалски закони налагаат дека со вграден дефибрилатор не може да се настапува во
тамошното првенство, па така Интер и Кристијан Ериксен ја раскинаа соработката
откако Данецот имаше срцев напад за време на Европското првенство.

Освен што не му е
дозволено да игра, истовремено нема дозвола ниту да тренира, па тој во моментов
престојува во Швајцарија каде воедно и обавува тренинзи, а се верува дека нема
да се повлече од фудбалот.

Неофицијалните
информации кои пристигнуваат, говорат дека Данецот чека шанса за враќање во
Премиерлигата или холандската Ередивизие, во првата настапуваше за Тотнем, а за
другата за Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×