Финска го доби натпреварот против Данска со 1-0, но најважната битка на Европското првенство ја доби Кристијан Ериксен кој успеа да остане жив откако колабираше на теренот.
Синоќа целиот свет се молеше за Ериксен додека тој водеше битка за својот живот. Данецот успеа, жив е и во стабилна состојба.
Наградата ѕвезда на мечот, УЕФА му ја додели на Ериксен.
„Ваквите моменти фрлаат се друго во животот на страна. Во овие моменти обединетоста на фудбалската фамилија е толку силна и сите им посакуваме на него и неговата фамилија се најдобро, сите се молиме за него. Слушнав како фановите на двата тима го скандираат неговото име. Фудбалот е прекрасна игра и Кристијан Ериксен ја игра прекрасно“, изјав претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.