Ериксен е клучен за трансфер на Папу Гомез во Интер?

by
1 минути читање

Тензијата меѓу Пепу Гомез и Гасперини не може да се реши, имало и физичка пресметка меѓу двајцата, па веројатно фудбалерот ќе ја напушти Аталанта во јануари.

Можно е тој да стартува против Јувентус, но се верува дека тоа нема да промени многу, Гомез е решен да го промени клубот.

И покрај богатите понуди од МЛС и Катар, Гомез сака да остане блиску до својот дом во Бергамо, а соседен град е Милано.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека е можно тој да не ја смени ниту бојата на дресот бидејќи Интер е фаворит за неговиот потпис.

Но, клучно за реализација на овој трансфер може да биде заминувањето на Ериксен од Интер. Доколку Данецот си оди, ќе се отвори место за Папу Гомез, а ќе се ослободат и финансиски средства кои поранешниот играч на Тотнем ги добива како плата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×