495
„Кориере дело Спорт“ открва дека Ајакс е заинтересиран за ангажман на Ериксен. Во Холандија може да се настапува со дефибрилатор, претходно истото се случи и со Блинд кој две езони настапуваше со таков уред.
Ајакс е клуб кој има посебно значење за Ериксен. Тој таму помина две сезони во младинскиот погон, по што во 2010 дебитираше за првиот тим и таму се задржа до 2013 година. Ериксен најголемата промоција како фудбалер ја имаше во Ајакс од каде потоа се пресели во Тотнем.
Италијанскиот весник пишува дека реални се шансите Ериксен да се врати во Ајакс иако не се исклучува можноста и за ангажман во друг клуб. Премиерлигата е една од лигите кои дозволуваат настап со дефибрилатор.