Ерера против ЕСЛ: Го сакам фудбалот, но оној фудбал кој им припаѓа на навивачите

by
1 минути читање

Фудбалерот на
францускиот првак ПСЖ, 31 годишниот Андер Ерера стана еден од првите попознати
актуелни фудбалери кои го кренаа гласот против т.н. Европска Супер Лига, за
која официјално потврдија учество 12 клубови.

ПСЖ се уште нема
дадено позитивен сигнал за новото натпреварување, меѓутоа поранешниот клуб на
Ерера, Манчестер јунајтед го стори тоа.

Заљубен сум во
фудбалот, но со оној фудбал кој им припаѓа на навивачите, со сонот каде го
гледам тимот во моето срце Реал Сарагоса, како се натпреварува против големите

напиша Шпанецот на социјалните мрежи.

Доколку оваа
Европска Супер Лига успее да се формира, тие сништа ќе згаснат, илузиите на
навивачите на повеќе клубови кои не се гиганти, за да бидат во можност да
освојат нешто на терените во најдобрите натпреварувања ќе престанат, го сакам
фудбалот и не можам да молчам на оваа тема
“ додаде тој.

Верувам во
подобро развиена Лига на шампиони, но не гледам ништо добро во тоа што богатите
го крадат тоа што луѓето го создале претходно, што не е ништо повеќе од
најубавиот спорт на планетата
“ заклучи Ерера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×