Од Манчестер
јунајтед очекуваат фудбалерот од средниот ред Андер Ерера да потпише нов
договор со клубот во наредните неколку седмици, договорот на 29 годишниот
Шпанец истекува идното лето, а тој веќе ја одби првичната понуда.
Според
информациите, Ерера ја одбил првичната понуда од Манчестер јунајтед која
изнесувала неделна плата од 75,000 фунти, а шпекулациите велат дека тој не
посакува да си замине од Олд Трафорд, а преговорите наводно одат во добра
насока.
Ерера не игра во посакуваната
форма, а пред извесен период жестото беше искритикуван од легендата на
Премиерлигашот, Пол Сколс, кој го доведе во прашање квалитетот на фудбалерот,
односно го отвори прашањето дали има доволно капацитет за да биде дел од еден
таков голем клуб.