Шпанија
стартуваше со реми без голови против Шведска во воведното прво коло од групната
фаза на Европското првенство, а слабата завршница во нападот се префрли на
критики кон првиот напаѓач Алваро Мората.
Сепак, селекторот
на Шпанците, Луис Енрике категорично застана во одбрана на својот фудбалер, кого
го спореди дури и со ѕвездата на Англија, Хари Кејн.
„Тој е добар,
говорот на неговото тело кажува дека тој е добар и сметам дека перфектно си ја
одработува својата задача на теренот“ рече Енрике за фудбалерот кој се’ почесто добива свирежи од навивачите, а
така беше и против Шведска на пресметката во Севиља.
„Ние постојано
сме во комуникација, го учиме за некои работи секоја седмица, тој работи со
насмевка на своето лице, а однесувањето му е на одлично ниво, имаме целосна
доверба во Мората“ додаде тој.
„Со 41 меч за
Шпанија, само Давид Виља и Фернандо Торес имаат повеќе голови од него, а од
другите селекции пак, само еден фудбалер постигнал повеќе голови од него, тоа е
Хари Кејн, не е ниту Килијан Мбапе, ниту Роберт Левандовски, ниту Ромелу Лукаку“
нагласи селекторот на Шпанците.
Шпанија денеска
ќе ги одмери силите со Полска, меч на кој фаворитот нема право на грешка.